
Министерството за внатрешни работи потврди дека новиот механизам е веќе активен. Системот прецизно ги евидентира возилата со странски таблички кои ги прекршиле правилата. Овој ригорозен чекор стапи на сила вчера и веднаш предизвика огромни гужви на излезот од државата.
Казните чекаат на граница
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Надлежните објаснуваат дека застојот на Табановце се должи на првиот ден од примената. Новиот систем не простува, бидејќи ги опфаќа и сите претходно евидентирани прекршоци. Странските возачи се непријатно изненадени кога ќе пристигнат на граничниот премин.
„На возачите им се соопштува дека е евидентиран прекршок и им се издава Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог, со можност казната да ја подмират согласно законската постапка.“
Српските туристи најмногу погодени
Најголем дел од заглавените и казнетите се српски државјани. Тие најчесто ја користат Македонија како транзитна рута кон грчките одморалишта. Многумина од нив брзале кон плажите, но сега мораат прво да ги платат казните за да ја напуштат државата. Полицијата апелира на почитување на сообраќајните правила од сите учесници во сообраќајот.


