
Пет години по трагедијата, предметот за 19-те модуларни болници е официјално затворен. Според ВМРО-ДПМНЕ, одлуката на ОЈО ГОКК дека нема основано сомнение за злоупотреба е класично заташкување. Владејачката партија го нарече Ислам Абази „аргат на Заев, Ахмети и Филипче“, кој ги одработува последните нарачки пред своето заминување од функцијата.
Директна одговорност за трагедијата
-
Петок
699 ден
524.25 ден
ВМРО-ДПМНЕ потсетува на скандалозните законски измени пред несреќата. Тогашното Министерство за транспорт и врски по итна постапка го сменило Законот за градење, претворајќи ги модуларните болници во обична урбана опрема. Со тоа, надлежноста за одобренијата преминала директно во рацете на тогашниот министер за здравство, Венко Филипче. Партијата алармира дека кобната болница во Тетово била поставена директно над резервоар на бензинска станица.
„Филипче не потпишал минимум технички спецификации, ниту пак направил елаборат за електрична енергија, со што е директен виновник за пожарот на 8 септември.“
Правдата скриена во обвинителските фиоки
Според обвинувањата, овој исклучително чувствителен предмет со години намерно се чувал во фиоките на поранешните обвинителки Вилма Рускоска и Елизабета Јосифовска. Партијата уверува дека затворањето на случајот не значи и крај на вистината, бидејќи постапката може да биде повторно отворена со појава на нови докази. ВМРО-ДПМНЕ децидно порача дека ќе инсистира на целосно расчистување и кривична одговорност за изгубените човечки животи.


