
Според ДУИ, молкот од спротивниот табор е јасен показател за страв. Интегративците обвинуваат дека Влен го погазиле легитимитетот и сега немаат храброст да ја измерат својата политичка тежина пред граѓаните. Тие тврдат дека актуелната власт на Влен се темели исклучиво врз милоста на нивните политички падрони, а не врз волјата на гласачите.
„Се плашат од пресудата на народот“
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден
Од ДУИ се децидни дека Влен никогаш ја немале вистинската поддршка кај албанското гласачко тело. Според нив, молкот на нивните ривали претставува јасно признание за немоќта да се соочат со реалноста на теренот. Тие отворено ја предизвикаа коалицијата Влен да ги прифати изборите, доколку, како што иронично наведуваат, добиле „дозвола“ за тоа.
„Влен знае дека ја немал и ја нема поддршката на Албанците. Нивниот молк веќе е одговор: се плашат од граѓаните и од пресудата што ги очекува.“
Овој политички притисок доаѓа во период на зголемени тензии на домашната политичка сцена. Битката за превласт во албанскиот политички блок станува сè пожестока, а реториката меѓу ДУИ и Влен се заострува секојдневно. Останува да се види дали и како коалицијата Влен ќе одговори на овој директен политички предизвик.


