
Ултралесното летало со регистарски број D-KWZE патувало од Чешка кон хрватското крајбрежје. Според информациите, сигналот на авионот бил целосно изгубен околу 16:14 часот, на оддалеченост од 17 наутички милји североисточно од Задар, некаде над планинскиот масив Велебит.
Тешка спасувачка акција
-
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден
Потрагата завршила синоќа кога припадниците на хрватската служба за цивилна заштита ги лоцирале остатоците во исклучително тешко пристапно подрачје во близина на Струга. Полициските службеници од Полициската управа Лика-Сењ веднаш го обезбедиле местото на настанот за да се зачуваат сите докази.
„Остатоци од леталото беа пронајдени од припадници на хрватската служба за цивилна заштита во тешко пристапно подрачје. Истрагата ќе се спроведе во утринските часови.“
Истрагата почнува утрово
Поради лошите временски услови и слабата видливост во текот на ноќта, надлежните органи одлучија деталниот увид да започне утрово. Истражителите ќе треба да ги утврдат точните причини кои довеле до овој трагичен пад на ултралесниот авион во планинскиот предел.


