
Трагедии без виновници и милионски криминал под тепих
Владејачката партија обвинува дека остатоците на СДС и ДУИ во правосудните органи прават сè за да ги спасат своите луѓе од кривична одговорност. Според ВМРО-ДПМНЕ, системот плански укинува пресуди, стопира истраги и враќа предмети на повторување, исклучиво во зависност од тоа кој лик треба да се гони или спаси.
„За автобуската несреќа на Дурмо Турс кај Ласкарци со 16 жртви, пресудата е укината. За 14 жртви кои живи изгореа во модуларната болница во Тетово, затворена е истрагата и обвинение за Венко Филипче нема. Тука е и запрената истрага за случајот Мазут, тежок 167 милиони евра.“
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден
Од партијата потенцираат дека овие одлуки не се никаква случајност, туку директен резултат на мрежата воспоставена од претходната власт. Судиите и обвинителите останаа последното упориште за одбрана на криминалниот систем кој се создаваше со години, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партиски инсталации со 2% доверба
Во соопштението директно се посочуваат имињата на Ислам Абази, Вилма Русковска, Добрила Кацарска и Африм Фидани како дел од „малкумината остатоци бирани во партиските штабови во Зајас и Струмица“ кои грчевито ги штитат поранешните функционери.
Од Ласкарци, преку модуларната болница, па сè до случајот „Мазут“, истата мрежа ги штити истите политички структури. Токму поради ваквиот систем на неказнивост, граѓаните денес имаат историски најниски 2% доверба во правосудството. Владејачката партија испрати и јасна порака дека времето на недопирливите завршува и дека секој ќе мора да одговара според сопственото дело пред лицето на правдата.


