
205 литри бензин повеќе за секој граѓанин
Во услови на економска криза и секојдневен раст на цените, СДСМ бара Владата итно да ги прифати нивните предлози за да се заштити животниот стандард. Од партијата оценуваат дека актуелните владини мерки се задоцнети, недоволни и немаат апсолутно никаков позитивен ефект врз празните џебови на граѓаните.
„Со мерките на СДСМ, граѓанин со просечна плата ќе може да купи дури 205 литри бензин повеќе отколку со мерките што ги предлага Владата.“
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Како директно решение на кризата, опозицијата го нуди моделот на целосно укинување на акцизата за горивата и намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) од сегашните 18 на само пет проценти.
Поевтин транспорт значи и поевтина храна
Од СДСМ истакнуваат дека придобивките од овие мерки нема да се почувствуваат само на бензинските пумпи. Поевтините горива верижно би довеле до значително намалување на транспортните трошоци, што е клучен услов за намалување на цените на храната и останатите основни производи кои секојдневно поскапуваат.
Во своето соопштение, опозицијата испрати и остри политички критики директно кон премиерот Христијан Мицкоски и неговиот кабинет. Според СДСМ, наместо јавните средства во време на криза да се насочат кон граѓаните, Владата немилосрдно ги троши на „спектакли, тендери и луксуз“, игнорирајќи ги реалните потреби на македонските семејства.


