во

СДСМ обвинува: Нивата поскапе, откупот поевтини – земјоделците го плаќаат луксузот на власта!

Опозициската СДСМ излезе со жестоки критики кон владината земјоделска политика, обвинувајќи дека додека земјоделците тонат во долгови поради енормното зголемување на трошоците, премиерот Христијан Мицкоски е фокусиран на дата-центри, странски диџеи и провизии.

Трошоците растат, откупните цени доживуваат колапс

Државниот завод за статистика ги потврди стравувањата на земјоделците. Според најновите податоци, во август трошоците за земјоделско производство скокнале за 6,8 проценти, додека откупните цени за производителите доживеале нов пад од 2,2 проценти. Горивото, енергијата, земјоделските машини и транспортната опрема бележат драстично поскапување, додека цените на зеленчукот, овошјето и грозјето континуирано паѓаат.

Супер Попуст -25%

Од СДСМ посочуваат дека разликата во цените ја проголтува трговскиот синџир, па додека храната во маркетите поскапува, земјоделецот плаќа двојно. Како фрапантен пример ја посочуваат зелката, која од 25 до 30 денари паднала на понижувачки откуп од 6 до 8 денари.

Милиони за луксуз, скратени субвенции за нивите

Од „Бихаќка“ тврдат дека ваквата катастрофална состојба не е падната од небо, туку е директна последица на погрешните владини политики. Укинати се авансните исплати, зелената нафта доцни, а субвенциите се скратени за вчудовидувачки 40 милиони евра.

„Владата има 5,5 милиони за Дејвид Гета и бизниси за да ја цепи опозицијата. Има пари за авион за колената на Мицкоски, дата-центри и антимон за провизија. Ама за оној што ја рани државата – немаат ништо. ВМРО-ОКГ не води земјоделство, туку води плен!“

Од партијата потсетуваат дека уште на самиот почеток барале итни мерки за спас на секторот, вклучувајќи укинување на акцизата и намалување на ДДВ за енергенсите на 5%, но власта останала глува на нивните барања. Доколку не се обезбедат редовни субвенции и фер откуп, СДСМ предупредува дека оваа есен нема да има ниту берба, ниту сеидба, туку само пресметка врз грбот на оние кои произведуваат храна.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВМРО-ДПМНЕ со жесток напад: Тие што го сменија името за да ја „омажат“ Македонија во богата фамилија, сега глумат патриоти!

Инвестициски бум: 90 милиони денари за патишта и нов спортски комплекс во Демир Хисар