во

Времето денес: Студено утро со температури под нулата, а преку денот сончево и релативно топло до 26 степени

Денешното утро започна ведро и студено со локални температури под нулата, додека во текот на денот не очекува сончево време со мала до умерена облачност и температури до 26 степени.

Прогноза за целата земја

Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на денот ќе преовладува сончево и релативно топло време, проследено со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните утрински температури се движат во интервал од -2 до 8 степени, додека максималните дневни вредности ќе достигнат меѓу 18 и 26 степени Целзиусови.

Временски услови во Скопје

Супер Попуст -25%

Во главниот град денеска се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура во Скопје се спушти до 8 степени, додека максималната дневна температура се очекува да достигне до 25 степени.

Стабилен период во наредните денови

УХМР најавува стабилно време во наредниот период. Утрата ќе продолжат да бидат ведри, студени и тивки со ниски температури кои наместа ќе паѓаат под нулата, додека деновите ќе останат релативно топли и сончеви.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Драматичен настап во Тенеси: Единствената жена на смртна казна преживеа две смртоносни инјекции

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 2 ОКТОМВРИ: На Рибите им се отвораат нови врати, Вагите пукаат од страст