
Враќање во функција и надминување на заостанатите прегледи
Со цел навремено обезбедување на здравствените услуги и расчистување на листите на чекање, Институтот за радиологија веќе започна со организирано повикување и закажување нови термини за сите пациенти чии прегледи беа привремено откажани. За таа цел, медицинскиот персонал ќе работи во две смени, како и за време на претстојниот викенд, со цел пациентите да бидат услужени во најкраток можен рок согласно медицинските приоритети.
Статусот на томографот на Хирургија и итните пациенти
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден
Од друга страна, компјутерскиот томограф лоциран во хируршкиот комплекс, кој првенствено е наменет за дијагностичка обработка на итни пациенти, сè уште не е во функција. Сервисната постапка е во тек и надлежните очекуваат таа да заврши во најскоро време.
Во меѓувреме, постапувањето со итните пациенти се одвива без застој благодарение на воспоставената меѓуинституционална координација:
- Итните случаи од Клиничкиот центар се препраќаат и се згрижуваат во Градската општа болница „8 Септември“.
- Како втора опција за итна дијагностика стои на располагање и Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“.
Од Министерството за здравство апелираат до јавноста да не се шират и изнесуваат непроверени информации, со цел да не се нарушува довербата на граѓаните во здравствениот систем и тековната организација.


