
Детали за договорот и заобиколување на санкциите
Според најавата на Трамп, договорено е „веднаш“ да бидат ставени на располагање над 300.000 тони руски дизел, со план за дополнителни испораки од 1,5 милиони тони во следниот период. Во зависност од капацитетите, Русија би можела да испорача и до три милиони тони. Овој чекор доаѓа во време на глобален недостиг на гориво и скок на цените на дизелот за дури 70 проценти по почетокот на конфликтот во Иран.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
За да се реализира овој договор, американското Министерство за финансии издаде привремена дозвола која ги заобиколува неодамна заострените санкции кон Русија, овозможувајќи увоз и продажба на руски дизел до 7 април 2027 година.
Револт во Киев и скептицизам кај експертите
Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро го осуди договорот, нарекувајќи го „нефер и нечесен“, особено поради фактот што паралелно со овој енергетски договор, пратениците на Трамп преговараат за мир со украинската страна. Тој потенцираше дека какво било ублажување на санкциите е знак на „очигледна слабост“ на Вашингтон.
Од друга страна, енергетските експерти се сомневаат дека руските испораки трајно ќе ги намалат цените. Аналитичарите посочуваат дека ветените 300.000 тони се доволни да ја покријат потрошувачката на дизел во САД за само нешто повеќе од 14 часа, бидејќи американскиот пазар дневно троши околу 500.000 тони.
„Дозволата Русија да продава нафтени производи е инвестиција во војната, која треба да се заврши, а не да се продолжува. Москва ќе возврати со дополнителен терор и подлости“, порача Зеленски преку социјалните мрежи.


