
Утрински температури низ градовите
Температурната разлика низ државата утрово беше значителна, движејќи се од 8 до 19 степени. Најтопло било во Демир Капија.
-
La Linea v2
699 ден
524.25 ден
Преглед на измерените минимални температури според УХМР:
- 8 степени: Попова Шапка, Берово
- 10 степени: Маврови Анови, Крива Паланка
- 12 степени: Крушево, Струмица, Охрид, Претор, Прилеп
- 14 степени: Тетово, Куманово, Кавадарци, Скопје-Петровец
- 15 до 16 степени: Велес, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, Виница, Битола
- 19 степени: Демир Капија
Прогноза за денот: Подгответе чадори
Според синоптичарите, денеска времето ќе биде променливо облачно. Низ земјава се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 18 до 21 степен.
Во Скопје и околината времето исто така ќе биде променливо облачно со услови за пороен дожд, грмежи и ветер во делови од котлината, а температурата ќе достигне максимум до 19 степени.


