во

Нови културни атракции: Два нови музеи се отвораат на скопско Кале следната година

Следната година, скопското Кале ќе добие две нови значајни културни институции – Музеј на праисторијата и Музеј на османлиското наследство, кои на едно место ќе ги обединат вредните сведоштва за минатото на градот.

Богато археолошко наследство пред очите на јавноста

По долги години исчекување, објектите наменети за новите музејски поставки на скопската тврдина Кале се во завршна фаза. Во овие два музеи ќе бидат изложени бројни вредни артефакти кои беа откриени за време на опсежните археолошки истражувања на локалитетот спроведени во периодот од 2007 до 2016 година.

Супер Попуст -25%

Овие институции ќе понудат единствен приказ на два различни, но исклучително важни периоди од историјата на ова поднебје. Од една страна, најраните траги на живот преку праисториските наоди, а од друга – богатата архитектура и предмети кои сведочат за османлискиот период.

Еве како изгледаат моментално:

(Во продолжение погледнете ја галеријата од моменталната состојба на објектите на Кале)

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Внимание за возачите: Изменет сообраќаен режим на мостот „Близнак“ кон Аеродром

„Толку пријателски што никој не сакаше да спушти прв“: Кремљ открива детали од разговорот Трамп-Путин