
Масовен одзив и распоредување на 70.000 полицајци
Според податоците на француското Министерство за внатрешни работи, на протестите учествувале околу 410.000 луѓе, додека синдикатот ЦГТ проценува дека бројот достигнал дури 800.000. Разлики во бројките има и за главниот град Париз, каде што полицијата регистрирала 110.000 демонстранти, а синдикатите проценуваат присуство на 250.000 граѓани. За одржување на редот, француските власти ангажираа околу 70.000 полицајци и жандарми низ целата земја.
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез потврди дека се приведени речиси 1.000 лица, предупредувајќи дека оваа бројка може дополнително да порасне, што претставува драстично зголемување во споредба со претходните протести кога беа приведени 385 лица.
Вандализам, ограбени златарници и повредени
И покрај тоа што најголемиот дел од протестите поминале мирно, во повеќе градови се регистрирани сериозни инциденти. Полициски извори соопштија дека во Марсеј биле ограбени две златарници, додека во градот Тур избувнал пожар во филијала на банката „Banque Populaire“. Во Ница и Каен се приведени десетици лица по интервенција на безбедносните сили.
Напнато било и во Тулон, каде што дел од демонстрантите палеле контејнери и се судриле со полицијата, при што меѓу приведените имало и над 30 малолетници. Во Клермон-Феран едно лице се здобило со тешка повреда на раката, додека во Монпелје протестот се одржал и покрај официјалната забрана, што резултирало со приведени граѓани и двајца повредени полицајци.
„Протестните поворки главно минуваа мирно, но одредени групи се обидоа да предизвикаат нереди и да извршат кривични дела. Полицијата реагираше навремено и спречи поголеми напади врз јавни објекти и обиди за грабежи низ земјата“, изјави министерот Лоран Нуњез.


