
Барањата на пациентите и потсетување на ветувањата
Пред три години, државата обезбеди сензори за 650 деца, а тогашниот министер Фатмир Меџити најави проширување на опфатот и за повозрасната популација. Сепак, Зоран Стојковски од Здружението „T1D.Македонија“ посочува дека и по три години сè уште се чека на реализација на овие ветувања, директно повикувајќи го актуелниот министер Сашо Клековски да преземе одговорност.
-
La Linea v6
699 ден
524.25 ден
Според Стојковски, партиите пред изборите ветувале итно решавање на овој проблем, нагласувајќи дека здравствените власти имаат должност кон своите граѓани да им го олеснат секојдневниот живот со болеста. Според статистиките, во Македонија живеат околу 4.000 лица со дијабетес тип 1, за кои овие сензори значат подобра контрола на шеќерот и навремен аларм при животнозагрозувачки состојби.
Одговор од Министерството: Зголемени количини и нови набавки
Од Министерството за здравство тврдат дека континуирано се работи на проширување на бројот на лица покриени со сензори, во рамките на расположливите буџетски средства. Со јавната набавка склучена во 2026 година, која важи до 2028 година, бројката е зголемена и сега се обезбедени сензори за 800 лица. Во оваа група спаѓаат сите пациенти со тип 1 до 25-годишна возраст, бремените жени, слепите лица и пациентите со најтешки компликации.
Дополнително, од Министерството информираат дека преку набавката во 2025 година првпат биле обезбедени инсулински пумпи без катетер за 15 деца, додека вкупно околу 400 корисници користат вакви пумпи. Воедно, набавени се и квалитетни глукомери за сите 45.000 лица со дијабетес кои се на инсулинска терапија.
„Значи ние зборуваме за право. Не зборуваме за луксуз. Не е само за тоа што ветиле, едноставно мора да имаат должност кон своите граѓани“, порача Зоран Стојковски од Здружението „T1D.Македонија“.


