
Легитимирање преку еднократен QR-код
Според најавите на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, новата апликација е високо безбедна, а корисниците ќе имаат целосна контрола врз тоа кои информации ќе ги споделуваат при легитимирање. Системот функционира преку генерирање на еднократен QR-код кој истекува по 10 до 15 секунди, со што се спречува секаква можност за негова повторна употреба или злоупотреба.
Поддршка за компаниите и фокус на сајбер-безбедноста
-
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден
Паралелно со дигитализацијата на услугите за граѓаните, државата нуди и поддршка за бизнис-секторот. Професорот Димитар Ташковски од ФЕИТ информираше дека преку европски проекти и владина поддршка во висина од два милиони евра, македонските компании можат бесплатно да добијат експертска помош за дигитализација на нивното работење.
Во однос на сајбер-безбедноста, откако Државниот завод за ревизија предупреди на сериозни ризици со податоците на илјадници осигуреници во ПИОМ, министерот Андоновски го оцени извештајот како алармантен. Како одговор на тоа, наменска владина работна група веќе подготвува детален план за заштита на податоците и зајакнување на државните системи.
„Многу внимание посветивме на безбедноста. Ова е почеток, се надевам дека паралелно со развојот на мобилниот паричник, ќе додаваме и нови услуги, можности и документи за граѓаните“, изјави Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.


