
Тет-а-тет средба со Африм Гаши
Според официјалните информации од собраниската прес-служба, по свечениот пречек пред законодавниот дом, претседателката Хаџиу ќе оствари тет-а-тет средба со својот домаќин, претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши. Покрај директната средба меѓу двајцата спикери, предвидени се и разговори на ниво на собраниски делегации.
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Книга на впечатоци и парламентарна соработка
Во рамките на предвидениот протокол, претседателката на косовското Собрание ќе се потпише и во Книгата на впечатоци. Оваа посета се очекува дополнително да ги зајакне билатералните односи и парламентарната соработка меѓу двете соседни држави, во насока на споделување искуства и поддршка во евроинтегративните процеси.


