во

Првпат во Македонија: Мајка му донираше бубрег на своето дете со Алпортов синдром

За првпат во македонското здравство е извршена успешна трансплантација на бубрег од мајка на дете дијагностицирано со Алпортов синдром – ретка наследна генетска болест.

Компатибилност, тимска работа и нова шанса за живот

Како што информираат од Министерството за здравство, по серијата неопходни медицински испитувања била утврдена целосна компатибилност меѓу донорот и примателот, со што мајката била оценета како соодветен жив дарител. Нејзината несебична одлука му дава на детето нова шанса за нормален живот и претставува исклучителен медицински успех во третманот на пациентите со ретки заболувања во државата.

Супер Попуст -25%

Министерот за здравство, Сашо Клековски, кој ги посети пациентите на Универзитетската клиника за урологија, нагласи дека овој потфат е вистински пример за најдоброто во македонското здравство – комбинација од стручност, тимска работа и човечност.

Зголемен број на трансплантации на Клиниката за урологија

Оваа сложена медицинска постапка е само дел од позитивниот тренд на Универзитетската клиника за урологија. Пред неколку дена беа реализирани вкупно три трансплантации (две од починат и една од жив дарител), со што вкупниот број на трансплантирани бубрези од почетокот на годинава достигна 15, надминувајќи ја вкупната бројка од 11 трансплантации во текот на целата мината година.

Алпортовиот синдром е сериозна наследна болест која го оштетува бубрежното ткиво и во потешките форми неизбежно води кон бубрежна слабост и потреба од дијализа. Овој случај докажува дека со темелна процена, медицината нуди трајни решенија.

„Упатуваме благодарност до семејството за довербата и за согласноста случајот да биде јавно споделен, како и до целиот медицински тим кој деноноќно е вклучен во оваа сложена медицинска постапка“, изјави проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Жена заразена со ебола пренесена во Швајцарија, постои сомнеж за уште еден случај

Морничавите пророштва на баба Ванѓа: Крајот на светот во 5079, а муслиманите ја преземаат Европа во 2043 година