
Тетово лидер по трошење, Скопје бележи драстичен пад
Според најновото истражување и базата на податоци што ги објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), најголема вредност на јавните набавки има Општина Тетово со дури 22,5 милиони евра. Оваа општина го бележи и најголемиот годишен скок од фантастични 20 милиони евра повеќе во однос на лани. На спротивниот крај е Општина Старо Нагоричане со склучени договори во вредност од нецел половина милион евра.
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
Драстичен пад бележи Градот Скопје, кој веќе втора година по ред ја губи лидерската позиција. Откако лани падна на шестото место, годинава Градот се наоѓа дури на 14-тата позиција со тендери вредни само 8,5 милиони евра. Најголем пад во вредноста на склучените договори (од 6 милиони евра) е забележан кај Општина Струмица.
Распределба на парите: Десет фирми зедоа четвртина од колачот
Анализата на трошењето по глава на жител покажува огромни разлики меѓу локалните самоуправи. Најголема вредност на јавни набавки по жител има Општина Чаир со 2.381 евро, додека на дното е Центар Жупа која троши само 12 евра по жител.
Иако локалните власти склучиле договори со вкупно 1.185 различни компании, фрапантен е податокот дека повеќе од една четвртина од вкупната сума завршила на сметките на само десет фирми. На врвот според вредноста на склучените договори е струмичката компанија „Жикол“, која инкасирала една милијарда денари, односно околу 16 милиони евра.
„Вредноста на општинските тендери во изборната 2025 година се зголемила речиси двојно во однос на претходната година и изнесувала колку во претходните две години заедно“, се заклучува во истражувањето на ЦГК.


