
Европа и Германија како главни двигатели
Според најновата анализа на престижната консултантска компанија „ПвЦ“ (PwC), Европа цврсто се позиционира како главен двигател на растот на пазарот за електрични возила (ЕВ). На стариот континент од почетокот на годината се продадени 2,5 милиони електрични автомобили, што претставува вртоглаво зголемување од 42 процента во однос на минатата година.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
Силниот европски раст е предводен од Германија, каде биле регистрирани 604.000 нови електрични автомобили, бележејќи скок од дури 58 проценти. Со овие бројки, Германија се позиционира на третото место во светот, веднаш зад Кина и САД, при што разликата со второпласираниот американски пазар рапидно се намалува.
Стагнација во Кина, остар пад во САД
Спротивно на европскиот ентузијазам, пазарот во Соединетите Американски Држави бележи негативен тренд. Регистрациите на целосно електрични автомобили на батерии во САД се намалиле за 29 проценти, паѓајќи на околу 746.000 во првите девет месеци од годинава.
Во меѓувреме, на најголемиот светски пазар на електрични автомобили – Кина, продажбата претежно стагнирала, задржувајќи се на бројката од нешто повеќе од шест милиони продадени возила.
„Рекордните 11 милиони регистрации на глобално ниво потврдуваат дека електрификацијата продолжува, но растот е нерамномерен илно зависен од регионалните политики и инфраструктурата“, се заклучува од бројките.


