
СДСМ бара иста реакција и за Будимпешта
Партиската реакција доаѓа откако министерот Муцунски, коментирајќи го случајот со Ива Михаилова, изјави дека е „непристојно земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата“. Од СДСМ јавно го прашуваат шефот на дипломатијата дали истата порака ќе ја упати и до официјална Будимпешта во врска со поранешниот премиер Никола Груевски.
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Опозициската партија прашува зошто до новата влада во Унгарија сè уште не се испратени сите потребни документи за екстрадиција. Во соопштението, СДСМ го обвинува министерот дека молчел кога Груевски ја напуштил државата, но упатија критики и за, како што тврдат, пропусти на границите и шверц на наркотици за кои го прозваа министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Не бараме двојни стандарди, туку исти“
Од СДСМ потенцираат дека законот мора да важи подеднакво за сите лица кои побегнале од правдата, без оглед на тоа во која држава нашле свое засолниште.
„СДСМ не бара двојни стандарди, бараме исти. Ако е непристојно Софија да биде прибежиште, непристојно е и Будимпешта да биде прибежиште. Додека Муцунски праќа остра порака до Софија, нека испрати и до Будимпешта. Од СДСМ има поддршка за двете барања – и за Ива, и за Груевски“, се наведува во партиското соопштение.


