
Денеска гласаат болните, утре сите граѓани
Според изборниот распоред, денеска своето право на глас го остваруваат болните и изнемоштените лица. Главниот изборен ден е закажан за утре, кога граѓаните на Брвеница масовно ќе го дадат својот глас за избор на нов лидер на општината.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Изборниот молк стапи на сила синоќа на полноќ и ќе трае сè до затворањето на гласачките места.
Резултати од првиот изборен круг
Првиот круг од предвремените локални избори се одржа на 18 октомври. Во трката за градоначалничката функција најголема поддршка и пласман во вториот круг обезбедија Стојанчо Радичевски и Аркин Јахији.
Кандидатот на коалицијата „ВМРО-ДПМНЕ – Твоја Македонија“, Стојанчо Радичевски, во првиот круг освои 2.943 гласа, односно 38,9 отсто од вкупниот број гласови. Неговиот противкандидат Аркин Јахији од коалицијата на ДУИ „Национална алијанса за интеграција“ освои 2.152 гласа, или 28,45 отсто од гласовите.


