
Блокирани заштеди и сомнежи за трансфер на средства
Преку официјално соопштение, СДСМ реагираше на изјавите на гувернерот Трајко Славески, кој според нив, ги уверува граѓаните дека сè е во ред, додека во реалноста луѓето чекаат со часови пред празните банкомати. Опозицијата прашува зошто на граѓаните им е оневозможено повлекувањето на сопствените пари, додека компаниите слободно можат да вршат трансфери на средства.
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Партијата отвора сериозни сомнежи за меѓународни финансиски текови, прашувајќи зошто се кријат податоците за тоа колку пари префрлил српскиот претседател Вучиќ во Македонија. „Дали останаа тука или продолжија понатаму кон Москва? Сега, кога контролата е преземена, институциите не можат да кажат дека не знаат“, посочуваат од СДСМ, инсистирајќи на транспарентност и прашувајќи дали премиерот Мицкоски и други функционери имаат лични сметки во оваа банка.
Повик до Обвинителството и предупредување за одговорност
Од СДСМ потсетуваат дека во соседна Србија веќе се приведени лица поврзани со скандалот околу Алта банка и против нив се поднесени кривични пријави. Тие го обвинуваат Славески дека воведува мерки кои го штитат криминалниот капитал, наместо да ги заштити штедните влогови на граѓаните и пензионерите.
Соопштението завршува со остар повик до правосудните органи да преземат акција, предупредувајќи ги на нивната законска должност.
„Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на граѓаните чии депозити се заробени. Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва дека сте во служба на граѓаните, не на оваа мафија на власт. Ќе одговарате и вие ако продолжите да ја чувате оваа банда“, порачуваат од СДСМ.


