
Блокирани граѓани и хаос пред банкоматите
Од партијата алармираат за тешката состојба во која се наоѓаат граѓаните кои не можат да дојдат до своите сопствени заштеди и средства. „Луѓето што живеат од социјална помош немаат од што да ги покријат трошоците и не можат да ги подигнат средствата. Немаат за храна, сметки, лекови, немаат за живот. Експозитурите не работат, а на банкоматите се чека со часови“, велат од СДСМ, додавајќи дека во исто време само на компаниите им било овозможено слободно да префрлаат пари.
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
Според СДСМ, Владата предводена од Мицкоски го отворила патот за влез на банката на Вучиќ во Македонија, додека гувернерот Славески ја дал неопходната согласност за преземањето на Стопанска банка Битола од страна на српската банка. Партијата потсетува дека тие предупредувале за сомнителниот капитал уште пред 11 месеци, но дека гувернерот уверувал оти сè е во ред.
Обвинувања за перење пари и барање за одговорност
Во своето соопштение, СДСМ изнесува тешки политички обвинувања, тврдејќи дека скандалот докажал оти Алта банка функционирала како „пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС на Вучиќ во Србија и ВМРО-OКГ на Мицкоски кај нас“.
Поради оваа, како што ја нарекуваат, финансиска афера, СДСМ категорично бара одговорност од инволвираните институции.
„За овој скандал мора да има одговорност. Трајко Славески да поднесе оставка за да се спречат други негови штетни одлуки. Обвинителството да отвори истрага и кривично да ги гони Мицкоски, Славески и сите кои што се поврзани со Алта банка“, се заклучува во партиското соопштение на СДСМ.


