
Студентски оброк и ограничувања за „Алта банка“
Според соопштението на Левица, додека студентите се борат со мизерни 140 денари за студентски оброк кои власта одбива да ги зголеми, пратеникот Бојан Стојаноски наоѓа за сходно да се шегува дека тие пари им се таман за „цигара и запалка“. Од партијата реагираат дека во држава каде родителите одвојуваат од уста за да школуваат деца, ваквите коментари се крајно несоодветни.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Дополнително, од Левица го критикуваат и гувернерот Трајко Славески кој, како што велат, од удобната фотелја пресудил дека 10.000 денари неделно се сосема доволни за граѓаните чии пари се заглавени во „Алта банка“. Од партијата прашуваат кој му дава право на гувернерот да одредува колку некому му се доволни сопствените средства, потсетувајќи на високите трошоци за лекување, кирии и основни месечни потреби.
Релативизирање на семејното насилство
Критиките на опозициската партија се насочени и кон коалицискиот партнер на власта, Петар Богојески, за кого велат дека шири проповеди за „машки надзор врз жените“ и го релативизира семејното насилство. Левица потсетува дека државата се наоѓа на срамното трето место во Европа по стапката на фемициди, со илјадници пријавени случаи на насилство.
Ваквите настапи, според партијата, се логична последица на политичката атмосфера што ја создава премиерот Христијан Мицкоски, кој го претворил јавниот говор во полигон за арогантно демонстрирање моќ.
„Левица нема да дозволи политичката елита да ја претвора сиромаштијата во доблест, обесправеноста во традиција, а понижувањето во нормален начин на живот. Оваа држава им припаѓа на луѓето што работат, создаваат, учат и ја одржуваат во живот, а не на ваквите паразити“, заклучуваат од партијата.


