во

ЕФА удри по Атина: Аларм за систематско кршење на правата на Македонците и Турците во Грција

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и на турското малцинство, алармирајќи за заплашувања, кривичен прогон и попречување на нивните културни активности.

Забранети фестивали и кривични прогони

Во своето соопштение, ЕФА посочува дека во Леринскиот Округ грчките власти свесно ги попречуваат традиционалните фестивали каде се негуваат македонскиот јазик, песни и ора. Како директни примери за притисоците се посочуваат прекинувањата на културни настани во леринските села и поднесувањето кривични пријави против припадници на македонската заедница. Евидентирана е и тужба од грчки адвокат насочена против 15 припадници на македонското малцинство, организацијата „Крсте Мисирков“, како и против Партијата на пријателството, еднаквоста и мирот (ДЕБ) која го претставува турското малцинство.

Супер Попуст -25%

Слична е сликата и во однос на турското малцинство. Работната група нотира инцидент во џамијата „Чинар“ во Ксанти од октомври 2024 година, кој резултирал со кривични постапки и затворски казни од 17 месеци за четворица претставници на малцинството по судењето во јуни 2026 година. Изразена е и сериозна загриженост поради практиката грчките власти да назначуваат муфтии без согласност на заедницата.

Децениско непочитување на Европскиот суд

ЕФА упатува остри критики кон Грција поради континуираното неспроведување на пресудите донесени од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во предмети поврзани со македонските и турските организации. Случајот со „Домот на македонската култура“ чека реализација повеќе од 10 години, додека пресудите за групата предмети „Бекир Уста“ за турските здруженија остануваат неспроведени цели 18 години.

Најновиот пример на непочитување на меѓународното право е забележан неодамна, кога и покрај одлуката на ЕСЧП од јуни 2026 година во корист на „Турското културно здружение на жените од Ксанти“, грчкиот Апелациски суд го одбил барањето за регистрација на здружението и спроведување на пресудата.

„Ги повикуваме Обединетите нации, Советот на Европа и институциите на Европската Унија да извршат притисок врз Грција. Грчките власти мора да ја прекинат кампањата на заплашување, да ги спроведат пресудите на судот во Стразбур, да им овозможат на културните организации слободно да работат и да преземат мерки за заштита на малцинствата од говор на омраза“, порачуваат од Европската слободна алијанса.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Јас сум едноставен човек од село“: Вучиќ прави сендвичи во фармерки од над 1.000 евра

Уапсен директорот на српскиот Хидрометеоролошки завод: Истрага за перење пари и недвижности вредни 650.000 евра