во

Уапсен директорот на српскиот Хидрометеоролошки завод: Истрага за перење пари и недвижности вредни 650.000 евра

Директорот на Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ), Југослав Николиќ (71), е уапсен заедно со уште две лица под сомнение за перење пари и прикривање на незаконско потекло на финансиски средства во вредност од најмалку 650.000 евра.

Милиони на сметките без законско покритие

Апсењето е реализирано по налог на Посебното одделение за борба против корупцијата при Вишото јавно обвинителство во Белград. Според информациите од истрагата, сомнителните активности се одвивале од ноември 2019 до ноември 2024 година. Посебно внимание привлекуваат средствата на банкарските сметки на директорот Николиќ, каде што биле уплатени над 41,8 милиони српски динари, 43.150 евра и 44.760 швајцарски франци – пари за кои не постои соодветно покритие во неговите легални приходи.

Супер Попуст -25%

Покрај сомнежите за перење пари, против директорот се води постапка и за прекршување на Законот за спречување корупција, бидејќи постојат основани сомнежи дека не го пријавил целиот свој имот и доставил неточни податоци за сопствената имотна состојба.

Сомнителни недвижности во Србија и Црна Гора

Во финансиската шема биле вклучени и второосомничената О. Н. (71) и третоосомничениот Ѓ. Н. (45). Истражителите проверуваат како овие лица учествувале во префрлањето на стотици илјади евра за купување станови, деловни простории и гаражни места. Финансиските проверки се насочени кон недвижности лоцирани во Белград, Чачак, Ужице, Бајина Башта, како и на повеќе атрактивни локации во Црна Гора.

На тројцата уапсени им е одредено полициско задржување од 48 часа, по што ќе бидат изведени пред надлежниот обвинител. Истражните органи во меѓувреме интензивно ги чешлаат банкарските трансакции и документацијата за сопственоста.

„Обвинителството ги испитува околностите под кои бил купуван имотот и пренесувањето на сопственичките права, сомневајќи се дека овие трансакции биле преземани со цел да се прикрие вистинскиот сопственик и да се отежне утврдувањето на потеклото на вложените пари во легалните финансиски текови.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЕФА удри по Атина: Аларм за систематско кршење на правата на Македонците и Турците во Грција

Правата на Македонците во Грција пред европските институции: ЕФА бара заштита по серијата притисоци и прекинати фестивали