
Детали од акцијата и безбедносниот пропуст во Есен
Според извештаите на германскиот весник „Шпигел“, инцидентот се случил во средината на октомври кога двајца затворски службеници го спроведувале затвореникот од казнено-поправниот дом во Есен до лекар во центарот на градот. На излезната скала, двајца маскирани мажи ги нападнале и ги совладале чуварите, овозможувајќи му на осуденик брзо бегство.
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Министерот за правда на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Бенјамин Лимбах, на затворен состанок пред покраинскиот парламент потврдил дека оковите немале посебна, единствена брава. Наместо тоа, користеле стандарден механизам кој лесно се отвора со универзален клуч достапен на комерцијалните веб-страници.
Истрага и претходни предупредувања
Истражните органи сè уште утврдуваат дали клучот бил набавен директно од соучесниците преку интернет или во бегството имало внатрешна помош од затворски персонал. Портпаролката на Министерството за правда најави целосна ревизија на сите процедури за спроведување на затвореници.
Весникот потсетува дека идентичен безбедносен пропуст бил регистриран уште во февруари, кога притвореник во Баварија успеал да ги отклучи лисиците на сличен начин користејќи интернет-клуч.
„Министерот за правда на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, Бенјамин Лимбах, на доверлив состанок го информирал Одборот за правда… дека оковите немале единствена, посебна брава.“


