во

Вучиќ како инфлуенсер, објавува видеа од кафана

Српскиот претседател во заминување, Александар Вучиќ, ја зголеми својата активност на социјалните мрежи, објавувајќи видеа од белградска кафана каде што слави со сопственици на медиуми и членови на СНС.

Весела атмосфера и дружба со соработниците

Александар Вучиќ во текот на вечерта сподели неколку видеа и фотографии на кои се гледа како на здравици и забава со поддржувачи и партиски функционери. Меѓу објавените материјали се издвојува снимката од кафаната „Чаци бар“, каде што тој се појави заедно со сопственикот на медиумот „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, како и со државните функционери Ана Брнабиќ, Синиша Мали и Никола Селаковиќ (Тони).

Супер Попуст -25%

Во видеото, Вучиќ со ироничен тон се осврна на случувањата околу гасењето на медиумот, испраќајќи пораки до политичките противници.

Изјави и пораки од кафаната

Коментирајќи ја прославата во кафаната, Вучиќ изјави:

„Не знам што слави Драган. Ме повика мене и уште некои државни функционери, Ана, Синиша и Тони, па дојдовме во кафанава „Чаци бар“. Не знам што слави Драган, веројатно затоа што му го гасат медиумот. А јас знам дека тоа што му го гасат медиумот е почеток на нивниот крај. И тие ништо не разбраа.“

На крајот од објавеното видео, Вучиќ и Вучиќевиќ заедно ја испратија препознатливата партишна порака: „Србија победува“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Совршено предјадење за славската трпеза: Рецепт за крцкави сoлeни штанглици со шунка и печен кикирики што први снемуваат од масата

Ново руво за скопските симболи: Камениот мост и уште два моста добија модерно декоративно осветлување со турска донација