
Обвинувања за недостаток на политичка волја и длабока демографска криза
Според соопштението од Левица, парламентарното мнозинство не го поддржало Предлог-законот за семејна и станбена поддршка, со кој државата требало да преземе 20 отсто од главнината на станбениот кредит за секое родено или посвоено дете, со максимална поддршка до 100.000 евра. Од партијата истакнуваат дека додека младите се соочуваат со високи кирии и децениски задолжувања, власта нуди само декларативни решенија наместо материјални предуслови за семејна обнова.
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден
Левица предупредува на алармантните податоци дека во првите шест месеци од 2026 година, дури 65 од вкупно 80 општини во земјата имаат негативен природен прираст, додека просечната возраст за осамостојување на младите е 33 години, а кириите во Скопје надминуваат 22.000 денари.
Одбиена дебата и прашањето за вистинските приоритети
Од опозициската партија нагласуваат дека нивниот предлог бил поднесен во редовна постапка, со отворен простор за корекции и усогласување, но власта одбила каква било дискусија. Тие порачуваат дека демографската криза не може да се реши со морални лекции или промени во читанките, туку со конкретна економска сигурност и услови за живот.
„Ако за ДПМНЕ семејните вредности завршуваат таму каде што почнуваат материјалните потреби на обичниот човек, тогаш нивната демографска политика останува само политичка парола – „бато и дада“ без дом и економска сигурност.“ — стои во соопштението на Левица.


