
Колапс на летовите, банките и ИТ гигантите
Низата неочекувани дефекти предизвикаа вистински хаос ширум САД, вклучувајќи приземјување на сите патнички летови низ целата земја, како и сериозни прекини во виталните банкарски услуги. Проблемите не ги одминаа ниту глобалните технолошки гиганти, па така големи падови беа регистрирани и на платформите управувани од „Епл“ и „Мајкрософт“.
И покрај стравот од можен сајбер-тероризам, Рубио децидно ги отфрли ваквите шпекулации. „Не сме изложени на системски напад. Овие настани се независни; тие не се поврзани еден со друг“, им изјави тој на новинарите. Со неговиот став се согласуваат и експертите за сајбер-безбедност, кои посочуваат дека најголемиот дел од проблемите всушност произлегле од редовни ажурирања на веќе застарената инфраструктура.
Ажурирање на софтверот, а не сајбер-криминал
Секоја од погодените компании и владини агенции независно потврди дека проблемите не се поврзани со сајбер-криминал ниту се дело на надворешен државен или недржавен актер. Директорот на националното разузнавање, Џеј Клејтон, за „Фокс њуз“ појасни дека многу институции моментално вршат надградба на своите системи и инсталираат софтверски закрпи, што логично довело до одредени пречки во секојдневното функционирање.
На новинарско прашање дали администрацијата на Трамп стравува од можна паника, создавање залихи или масовно повлекување пари од банките, Рубио нагласи дека целосната транспарентност и споделувањето на информациите е најдобриот лек против стравот кај јавноста.
„Сите показатели со кои располагаме укажуваат на тоа дека секој од овие настани има објаснување или причина што нема никаква врска со сајбер-криминалци, непријателски актери или други држави“, заклучи Рубио.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден







