
Ставот на Софија и прашањето за „Бугарите таму“
Според Петрова, нејзините европски колеги сè поретко го поставувале прашањето за Македонија, што таа го толкува како сигнал дека бугарската позиција е јасна и разбрана во Европската унија. Како што појасни, кога темата се отвора, таа главно се однесува на тоа дали Бугарија очекува некаков напредок во спроведувањето на договорените обврски.
Во своето обраќање, шефицата на бугарската дипломатија нагласи дека напредокот на земјата е во интерес и на Бугарија поради „Бугарите таму“, но притоа не прецизираше дали мисли исклучиво на 3.504-те граѓани кои се изјасниле како Бугари на последниот попис или има пошироко значење. Таа додаде дека би било пропуштена можност доколку Македонија не го искористи актуелниот „пулс за проширување и развој“, кој, според неа, веќе е видлив кај Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина.
Добрососедските односи како непроменлив услов
Петрова повтори дека Бугарија никогаш немала став за безрезервна поддршка на која било држава кандидат за членство во ЕУ. Таа истакна дека условите се јасно поставени и дека добрососедските односи се составен дел од тој процес.
Според нејзините зборови, станува збор за принципиелен став што Софија ќе продолжи да го брани, без оглед на тоа каква влада е на власт во Скопје или во Белград.
„Бугарија никогаш немала став безрезервно да поддржува која и да е земја. Има услови и тие се јасно наведени. За сите земји кои се кандидати за вклучување во Европската унија, добрососедските односи се дел од овие услови“, изјави Велислава Петрова.
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден







