
Напад, снимање со телефон и одземање лични предмети
Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), инцидентот се случил вчера околу 18:00 часот на подрачјето на Центар. Двете малолетнички најпрво ја пресретнале оштетената, по што ситуацијата ескалирала во физичко насилство.
Како што наведуваат од полицијата, додека едната од приведените физички ја нападнала и ја удирала малолетничката, другата го снимала целиот настан со мобилен телефон, а воедно ѝ одзела пари и лични работи.
Приведени два часа по инцидентот
По добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје презеле мерки и само два часа по настанот, околу 20:00 часот, ги лишиле од слобода двете малолетнички од Скопје.
„Двете девојчиња најпрво ја пресретнале малолетничката, по што едната физички ја нападнала, додека другата го снимала настанот и ѝ одзела пари и лични работи“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден







