
Лекарите применуваат терапија за да избегнат инвазивен зафат
Информацијата за влошената здравствена состојба ја сподели Карлос Болсонаро на социјалната мрежа „Икс“, наведувајќи дека при пристигнувањето во болницата стомакот на неговиот татко бил исклучително надуен, што предизвикало силен притисок и болки.
По извршените дијагностички испитувања, лекарите веднаш започнале терапија со лекови во обид да го решат проблемот без потреба од инвазивни медицински зафати. Карлос најави дека повеќе информации за состојбата на поранешниот претседател ќе бидат објавени во текот на следните неколку часа.
Критики за условите во притворот и обвинувања за прогон
Синот на поранешниот лидер изрази сериозна загриженост за здравјето на својот татко, оценувајќи дека неговата состојба се влошува поради ограничената подвижност и психолошкиот притисок. Тој упати критики и кон судските ограничувања за посети, посочувајќи дека смее да го посетува татко си двапати неделно по два часа, и оцени дека Болсонаро е изложен на политички прогон.
Жаир Болсонаро се наоѓа во домашен притвор, откако во септември 2025 година Врховниот суд на Бразил го осуди на 27 години и три месеци затвор за обид за државен удар по изборите во 2022 година.
„По извршениот преглед и дијагностичките испитувања, потврдена е речиси целосна опструкција на цревата, а лекарите започнаа терапија со лекови во обид да го решат проблемот без инвазивни медицински зафати“, соопшти Карлос Болсонаро на социјалната мрежа „Икс“.
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден







