во

Рецепт за домашна проја што никогаш не е сува: Сочна одвнатре, со златна кора и еден неочекуван додаток за врвен вкус

Пројата е едно од оние домашни јадења на кои секогаш со задоволство им се враќаме, но малата разлика меѓу сува проја што се рони и мека, сочна проја што е вкусна дури и кога ќе се излади, лежи во точниот сооднос на состојките и еден ароматичен додаток.

Потребни состојки

Тајната на овој рецепт е во комбинацијата на пченкарно и пченично брашно, јогурт, кисела вода и сирење, збогатена со ситно сечкан млад кромид кој при печењето благо се карамелизира и дава неодолива арома на домашен солен колач:

  • 260 г пченкарно брашно
  • 130 г пченично брашно
  • 3 јајца
  • 200 мл јогурт
  • 100–150 мл кисела (минерална) вода
  • 100 мл масло
  • 250 г бело сирење
  • 1 помало китче млад кромид
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 лажичка сол (по потреба)
  • малку сусам за посипување (по желба)

Начин на подготовка

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Најпрво изматете ги јајцата, па додајте ги маслото, јогуртот и киселата вода. Кратко соединете ги, а потоа додајте го издробеното сирење – нема потреба да биде премногу ситно, бидејќи е повкусно кога остануваат поголеми парчиња. Измиениот, исушен и ситно исечкан млад кромид додајте го во смесата (за поблага арома користете го само зелениот дел, а за поинтензивен вкус – и белиот и зелениот).

Во посебен сад измешајте ги пченкарното и пченичното брашно, прашокот за печиво и солта, па постепено додавајте ги во влажните состојки. Мешајте со дрвена лажица само колку да нема суви делови – претераното мешање може да ја направи пројата тешка наместо мека и воздушеста.

Истурете ја смесата во подмачкан плех или плех обложен со хартија за печење и по желба посипете со сусам. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути, додека не добие златна кора. Ако забележите дека брзо поруменува, намалете ја температурата на 180 степени и проверете со чепкалка дали средината е печена. Пред да ја исечете на коцки, оставете ја неколку минути малку да се подизлади.

Мал трик за совршен резултат: Доколку сакате уште помека проја, во смесата додајте две лажици кисела павлака. Ако пак сте љубител на крцкава долна кора, претходно загрејте го плехот во рерна со малку масло, па дури потоа истурете ја смесата – така кората ќе биде крцкава, а внатрешноста ќе остане совршено сочна.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 23 НОЕМВРИ: На Близнаците им одговараат промените на работа, Девици бидете подготвени денес да запнете

Јадел црн грав секој ден цел месец: Еве што се променило во неговото тело и што најмногу го изненадило