
Времето денеска низ целата територија на државата ќе биде променливо облачно проследено со повремени врнежи од дожд, при што локално врнежите ќе бидат поинтензивни и ќе надминат 20 литри на метар квадратен во рок од 24 часа. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските минимални температури се движат во интервал од 3 до 8 степени Целзиусови, додека максималните дневни температури ќе достигнат меѓу 6 и 12 степени.
Временската прогноза за Скопје и околината
Во главниот град денеска ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат поизразени особено во попладневните часови и кон крајот на денот. Во Скопје ќе дува слаб ветер од променлив правец, а температурата ќе се движи од минимални 5 до максимални 10 степени Целзиусови.
Циклонска активност за викендот: До 20 сантиметри снег на планините и стабилизирање од понеделник
Според најавите на метеоролозите, под влијание на циклонска активност, за време на претстојниот викенд времето ќе се задржи облачно и врнежливо. Во сабота на одредени места се очекуваат значително пообилни врнежи кои ќе надминат 30 литри на метар квадратен за 24 часа.
Истовремено, со продор на постуден воздух од север, врнежите постепено ќе преминуваат во мешавина од дожд и снег во некои од пониските места, додека на повисоките населени места и на планините ќе бидат исклучиво од снег. На планините се очекува формирање снежна покривка со висина до 20 сантиметри, а помала снежна покривка од 2 до 10 сантиметри ќе се формира и на повисоките места.
Престанок на врнежите се најавува во недела кон крајот на денот, по што од понеделник следува период на стабилно, но значително постудено време.
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
Пиво
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден







