во

Отвориле Блажо и Трпе лекарска ординација во Швајцарија….

Отвориле Блажо и Трпе лекарска ординација во Швајцарија.

Добро им тргнало, пациенти сe почесто почнале да доагат па дури да ги напуштат швајцарските клиники и да доаѓат во таа на Блажо и Трпе.

Реклама

Го виделе тоа Швајцарците, па одлучиле да испратат нивен доктор како пациент да види во што е тајната на нивниот успех.

Влегол швајцарскиот доктор во ординацијата и му се пожалил на Трпе :

– Имам проблем со осетот за мирис. Не знам што да правам помагете.

– Блажо! Лек број 5! – извикал Трпе.

Донел Блажо кантата со го*на и му ја ставил под носо на швајцарецот.

– Аууу смрди! – извикал швајцарецот.

Трпе се свртел на кај Блажо и му вика :

– Пиши излечен.

Како што одминувало времето, на Швајцарците не им останал ниеден пациент. Па решиле да го пратат истиот доктор, само овој пат со подруг проблем.

Дошол докторот кај Трпе и Блажо и се пожалил :

– Абе сега скоро имав несреча и го изгуби помнењето, на ништо не се сеќавам.

Tрpe извикал :

– Блажо! Лек број 5!

– Неееееееее! – извикал швајцарецот.

Трпе извикал :

– Блажо, пиши излечен!


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

100+ „Таленти“ на кои треба да им се забрани Фотошоп засекогаш

Си беше еднаш едно време…