во , ,

Како ја гледа љубовта еден просечен Македонец?

1. Не се јавувај – никогаш.

2. Ако не ти се допаѓа девојката, немој да и кажеш. Многу е позабавно ако тоа го открие сама.

Реклама

3. Излажи.

4. Вие сте маж и што и да направите – не е ваша грешка, сте биле испровоцирани.

5. Не барајте помош од девојката/сопругата. Дури и кога страшно ви треба. Луѓето може да помислат дека не сте доволно маж.

6. Жените сакаат кога ги игнорирате. Тоа ги провоцира.

7. Изгледот е најважен. Кога и да имате шанса, проверете го сакото, косата, брадата…

8. Кажете и дека ќе и се јавите, но не го заборавајте правилото број 1.

9. Не се дотерувајте претерано. Така луѓето ќе помислат дека девојката/сопругата ве облекува.

10. Негирајте апсолутно се.

11. Не значи да.

12. Да значи не.

13. Ако некој ве праша, сте воделе љубов на сите локации, во сите можни пози.

14. Емоции? Како емоции?

15. Изневерете ја девојката. Молете и клечете додека не ви се врати.

16. Животот е натпревар. Ако било кој друг е подобар од вас, преправајте се дека тоа не е точно и навредувајте го.

17. Ако ја повредите понежната половина, преправајте се дека ви е жал.

18. Игнорирајте ги проблемите. Ако вие не ги гледате нив, и тие нема да ве гледаат вас.

19. Сосема е во ред да имате лоша меморија и да заборавате ситници како роденденот, годишнината, бојата на нејзините очи…

20. Вие не сте одговорни за вашите постапки.

21. Основно правило во сексот – квантитетот е квалитет.

22. Ако сте ја изневериле девојката, а никој не знае, практично не сте направиле ништо лошо.

23. На секое прашање зошто, одговорете со не знам.

24. Вие не сте невини, никогаш не сте биле. Мажите се раѓаат сексуално искусни.

25. Ако девојката ви раскине затоа што сте спиеле со друга, нема право на драма. Таа е таа која ја завршила врската, не вие.

26. За сè е крив ПМС-от.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како размислува паметната жена?

14 Урнебесни илустрации кои прикажуваат како би изгледале суперхероите како амбасадори на познатите брендови