во , ,

10 Најголеми измами во историјата на светот

Секој сака добра приказна, а историјата има многу за раскажување. Низ вековите, многу луѓе и групи смислувале свои приказни, а најдобрите успеале да измамат не само неколку луѓе, туку речиси целата јавност. Некои од овие измами траеле со месеци, па дури и години. Иако можеби се лага, сепак се навистина интересни.

1. Племето Тасадеј

Многумина го нарекувале племето Тасадеј изгубено или неоткриено. Племето беше опишувано како општество од благородни дивјаци кои живеат мирно во пештери во џунглата. Овие луѓе не знаеле за насилство или конфликти. Но, племето Тасадеј било контролирано од Мануел Елизаде Џуниор кој им давал пристап на антрополозите и славните личности да го посетуваат во пештерите.

Реклама

Дури кога Освалд Ајтен неочекувано го посетил племето, се открила измамата. Тој ја затекнал заедницата како се релаксира носејќи блузи и фармерки и користејќи модерни алатки како ножеви и огледала. Откако разговарал со заедницата користејќи преведувач, луѓето признале дека не биле племе од Камената доба, туку биле платени да глумат.

2. Мртва самовила

На 1-ви април 2007-ма година, Ден Бејнс од Лондон решил да направи првоаприлска шега. На еден веб-сајт објавил труп од мртва самовила на продажба и успеал да ја продаде за 320 евра. Околу 20.000 луѓе го посетиле сајтот за само еден ден со цел да ја видат самовилата.

Ден изјавил дека остатоците биле како на дете, но коските биле шупливи како на птица. Трупот исто така имал заби, кожа, коса и се разбира, крилја. Наводно, мртвата самовила била откриена од човек што си го шетал кучето и автентичноста на трупот била потврдена со испитување. Подоцна истиот ден, Ден признал дека самовилата е лажна. Сепак, многумина веруваат дека самовилата е вистинска и Ден само се обидува да ја прикрие вистината.

3. Паметниот Ханс

Паметниот Ханс бил коњ кој не само што можел да брои, туку можел да решава и комплицирани математички проблеми. Барем во тоа сакал да верувате неговиот сопственик Вилхелм вон Остен во раните 1900-ти. Остен бил наставник по математика кој патувал низ Германија и го покажувал неверојатниот талент на Ханс.

За да одговори на прашањата, Ханс тропал со неговите нозе. Се разбира, многумина се сомневале во талентот на коњот, па на него биле направени многу истражувања без присуство на сопственикот. Сепак Ханс продолжил да дава точни одговори. Измамата била откриена кога било поставено прашање чиј одговор Остен не го знаел. Станало очигледно дека Ханс не знае да решава задачи туку тропал со ногата додека личноста не изгледала опуштено кога ќе стигнел до точниот одговор. Ханс знаел дека стигнал до одговорот бидејќи добивал аплауз и награди од публиката.

4. Џинот од Кардиф

На 16-ти октомври 1869-та година, Вилијам Њувел копал бунар во Кардиф, Њујорк и открил труп на маж со висина од 305 центиметри. Веднаш поверувал дека нашол џин, па го покрил местото со шатор. Почнал да заработува од откритието со тоа што ѝ наплаќал 25 центи на публиката за да го види огромниот маж. Како што се зголемувала заинтересираноста, Вилијам ја зголемил цената. Сепак археолозите почнале да тврдат дека трупот е лажен.

Џинот бил креација на Џорџ Хул кој најмил мажи и им рекол да направат статуа од 3 метра. Им кажал на мажите дека целта му е да направи споменик на Абрахам Линколн во Њујорк. Блокот камен бил однесен во Чикаго и статуата била направена од Едвард Бургхарт кој се заколнал на тајност. На статуата била додадена киселина за да изгледа истрошено. Потоа џинот бил преместен до фармата на Вилијам. Вилијам, кој му бил братучед на Хул, најмил двајца копачи да го најдат џинот.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 Морничави и нерешени мистерии од кои ќе имате кошмари 100%

15 од најпознатите филмски јунаци доколку би биле спротивен пол