во ,

Отишла една девојка кај попот да се исповеда…

Отишла една девојка кај попот да се исповеда:

– Попе трудна сум.

– Од кого е чедо мое?

– Добро знаеш ти од кого е! Од тебе! Кажувај што да правам сега?

– Не се секирај чедо, ќе ја решиме работата. Ќе отидеш кај другарот твој Стојан, тој е мирен, се гледа дека те сака. Ќе му речеш да излезете и за 2-3 месеци ќе се омажиш за него. Другото ќе го средам јас.

Го послушала девојката попот, му го свртела умот на Стојан и направиле свадба. Арно ама по 3 месеци се родило бебето. Стојан вознемирен отишол кај попот да се исповеда и да побара совет.

– Попе, со жена ми се зедовме пред 3 месеци, а таа веќе роди дете. Јас знам дека за тоа требаат 9 месеци.

– Ти чедо со неа 3 месеци ли живееше?

– Да.

– Таа со тебе 3 месеци ли живееше?

– Да.

– А вие двајцата заедно, 3 месеци ли живеевте?

– Да.

– Е па колку се 3 пати по 3? Нели се 9?

– Да.

– Ајде сега оди си кај женичката и да си бидеш мирен.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 луѓе со супермоќи кои ниту науката не може да ги објасни

Еден човек купил новo BMW и како што е ред, нагазил малку повеќе на гаста…