во ,

Поминува таткото пред собата на малиот Трпе и случајно наслушнува како синот се моли…

Поминува таткото пред собата на малиот Трпе и случајно наслушнува како синот се моли:

„Благослови ги Боже мајка ми, татко ми, баба ми… Дедо збогум.“

Реклама

Таткото се зачудил на оваа молитва, но не обрнал внимание.

Следниот ден починал дедото.

По неколку месеци таткото повторно го слушнал Трпе како се моли.

„Благослови го Боже татко ми и мајка ми. Збогум бабичке.“

Следното утро починала и бабата.

Таткото сфатил дека неговиот син има моќ на предвидување и се загрижил.

По една година, малиот пак се моли, а таткото прислушнува:

„Благослови ја Боже мајка ми… Тато збогум!“

Се избезумил таткото и сфатил дека му се ближи крајот. Станал следното утро, отишол во канцеларија, се затворил и рекол никој да не го вознемирува. Седнал и чекал смртта да дојде по него.

Откако поминал цел ден и ништо не се случило, вечерта се вратил дома и и рекол на сопругата:

„Жено, го имав најлошиот ден во животот“

На тоа таа му рекла:

„Ти го имаше најлошиот ден?! Мене поштарот ми умре на врата!!!“


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мил мој, децата се во другата соба, не можеме тоа да го правиме овде…

6 Работи во животот кои се менуваат кога почнувате да живеете сами