во ,

6 Работи во животот кои се менуваат кога почнувате да живеете сами

Оние кои живеат настрана од дома се во постојана дилема дали да земат цимер за да ги поделат трошоците или пак, да плаќаат повеќе по цена на бесконечниот мир.

Многумина мислеле дека делењето на трошоците е решение, но во првата минута кога почнале да живеат сами, сфатиле дека тоа е добра поодлука.

Реклама

Постојат многу предности во тоа да имате цел стан само за вас. Најпрво, нема нечисти оставени садови, хигиената ја одржувате самите и ги организирате времето и активностите само според својата агенда.

Ова се некои од промените кои ќе ви се случат:

Целата храна во фрижидерот е ваша

Веќе нема расипани ручеци, храна со ужасен мирис, секогаш знаете што имате во фрижидерот и никогаш нема да се запрепастите ако се вратите гладни, а сфатите дека некој се послужил со она што сте го купиле за себе.

Не треба да се договарате за некој да ви дојде на гости

Сакате гости? Слободно! Сакате партнерот да остане на спиење? Нема проблем. Сакате да бидете сами? Секако.

Имате време за себе

Мирните и тивки часови се многу значајни, за да можете да размислувате и да си ги посветите себе. Со цимери може да се случи дури и ноќите да не ви бидат тивки.

Уредноста на домот не зависи од другите

Вие сте самите одговорни за хигиената и веќе нема да се случи тоалетот да е чист, а кујната во хаос. Ниту пак, ќе треба да работите дупла работа, додека цимерите се излежуваат во дневната соба без намера да средат нешто.

Нема веќе компромиси за просторот

Ги имате сите плакари и полици само за себе и не треба да се „стискате“ за да има место за сите. Исто, кога сакате, можете да прилегнете во дневната соба, или во едната спална или во другата спална…

Навистина се одмарате кога ќе си дојдете дома

Животот со цимери може да биде вистински хаос, особено ако сите имаат различни распореди на обврските. Вака сте сигурни дека кога си доаѓате дома, навистина ќе одморите од напорниот ден на начин што вам ви одговара.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Поминува таткото пред собата на малиот Трпе и случајно наслушнува како синот се моли…

Она кога ќе ти каже некој не можело полошо