во , ,

8 ситуации и фрази за кои нашите мајки беа во право, а ги сфативме откако пораснавме

„Љубовта ќе дојде кога најмалку ќе очекуваш“

На помлади години, оваа фраза звучи како мајката само да сака да нè утеши и да ни ја олесни ситуацијата, но безуспешно.

Сепак, на крај таа излегува во право и за ова, бидејќи многупати се случило луѓето да ја пронајдат љубовта кога најмалку очекуваат, во секакви моменти. И тоа е прекрасно.

Реклама

„Не ги брзај работите, ќе жалиш“

Прво сакаме да почнеме да одиме во средно, па едвај чекаме да го завршиме, со душа чекаме факултет, па не може да дочекаме да го завршиме и да немаме веќе за учење.

Постојано имаме некои желби за кои гориме и ги брзаме работите во животот, додека не им веруваме на родителите кога велат дека ќе сакаме да ни се вратат годините.

Кога ќе помине подолг период, ќе се сетите на овие зборови бидејќи самите ќе посакате да се вратите во младите денови кога сте биле безгрижни.

Кој би рекол дека некој би посакал да се врати во училиште? Веројатно, речиси сите.

Ова важи за многу работи во животот во кои не уживаме и чекаме побрзо да поминат, а потоа жалиме.

„Ќе сфатиш кога ќе пораснеш“

Банална фраза која ниту едно дете не ја сфаќа сериозно, додека мајката се грижи.

Во младоста, ви изгледа како да знаете сè и дека родителите ви забрануваат сè без причина, но кога ќе пораснете ја разбирате нивната грижа и сфаќате дека имате уште многу да учите од нив.

„Ќе те видиме кога ти ќе имаш деца“

Како и претходната ситуација, децата се чувствуваат повредено кога родителите им забрануваат работи и претерано се грижат и им додеваат.

Па, мајките често знаат да кажат дека и самите тие ќе бидат исти кога ќе имаат деца, а тоа навистина се случува.

Кога имаме наши деца, стануваме свесни за сите грижи и стресови на нашите мајки. Нејзините зборови веќе не звучат глупаво.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Гимнастиката може да биде опасна за околината и целата планета…

14 илустрации за животот пред и после свадба