во ,

Словенија влегува во „Студената војна“: Испраќа 2 војника на Гренланд како штит од Трамп

Геополитички покер на мразот: Словенија испраќа војници на Гренланд за да го „одврати“ Трамп

Во драматичен развој на настаните на крајниот север, Владата на Словенија по маратонска седница донесе одлука да се приклучи на европската коалиција за одбрана на Гренланд. Двајца офицери на словенечката армија итно патуваат за Арктикот, каде ќе се приклучат на меѓународната вежба „Арктичка отпорност“.

Супер Попуст -25%

Иако официјално вежбата се води како НАТО-операција за одбрана од Русија, дипломатските извори и медиумите како N1 не кријат дека вистинската цел е „европско одвраќање“ од агресивните најави на американскиот претседател Доналд Трамп, кој се закани дека ќе го заземе Гренланд „со сила“ доколку Данска не му го продаде.

Коалиција на „Волјата“ против Белата куќа

Словенија со ова застанува рамо до рамо со група западноевропски и скандинавски земји кои веќе испратија свои трупи како „жив штит“ на данската територија:

  • Франција: 15 војници
  • Германија: 13 војници
  • Шведска: 3 офицери
  • Норвешка и Финска: по 2 претставници
  • Велика Британија и Холандија: по 1 офицер

Интересно е што Источна Европа и Италија засега тактизираат и одбиваат да испратат трупи, веројатно за да не го разгневат Трамп, додека балтичките земји се очекува наскоро да се приклучат.

Дипломатски „трол“: Данска го покани и САД на вежбата

Генерал-мајор Сорен Андерсен од данската Здружена арктичка команда направи дипломатски маневар со кој се обиде да ја деескалира (или иронизира) ситуацијата. Тој изјави дека и САД, како НАТО членка, се „секако поканети“ на вежбата, чија официјална цел е спречување на Русија да ја попречи слободата на пловидба. Сепак, Белата куќа ладнокрвно одговори дека присуството на европски трупи „нема никакво влијание“ врз плановите на Трамп за преземање на островот.

Трамп возвраќа со економска војна

Ситуацијата се вжештува не само воено, туку и економски. Разгневен од европскиот отпор, Трамп веќе се закани со нови, казнени тарифи за сите земји што се спротивставуваат на неговиот план за Гренланд. Словенија, со својата одлука, сега влегува директно на „црната листа“ на американскиот претседател.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Скандал: Професори, пејачи и инфлуенсери на платен список на Државна лотарија

Денеска е Водокрст – навечерие на Богојавление