во ,

Зоки Поки не го разбира политичкото уредување на државата

Зоки Поки се враќа од училиште и татко му го прашува што учеле.

– Политичкото уредување на државата, но ништо не разбрав.

– Многу е едноставно, сега ќе ти објаснам. – Му вели татко му.

– Јас работам и ги заработувам парите, значи јас сум капиталот. Ги давам на мајка ти, таа ги распределува за тоа што треба, тоа е владата. Мајка ти и кажува на слугинката што да прави, значи слугинката е работничката класа. Дедо ти се меша секаде и коментира за редот, исто како синдикатот. И за кого го правиме сето ова – за тебе, значи ти си народот и за твоето помало братче, бидејќи тоа е иднината. Ме разбра ли сега.

Зоки Поки чешајќи се по главата:

– Изгледа ќе треба да се размислува за една ноќ…

Во ноќта неговото братче се покакало, плачело и Зоки се разбудил. Тој отишол во спалната соба, гледа татко му го нема, мајка му ‘рчи и не се буди. Отишол да ја бара слугинката и го наоѓа татка си кај неа во кревет, толку зафатен што не го забележува, а низ прозорецот, дедо му шпионира. Се вратил повторно во детската соба.

Наутро татко му го прашал дали Зоки го разбрал објаснувањето од синоќа.

– Тато, се ми е јасно. Додека владата спие, капиталот ја дупи работничката класа, синдикатот само гледа, народот го игнорираат, а иднината лежи целата во гомна…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

24 чекори како жена вади пари од банкомат

10 школски трикови кои ќе им се најдат на учениците и студентите