во ,

Апел за солидарност: Отворена сметка за помош на поплавените во Кичево

ХУМАНОСТА НА ДЕЛО: Црвениот крст на терен во Кичево, отворена и жиро-сметка за донации

Екипите на Црвениот крст на Република Северна Македонија вечерва се на првата линија во поплавеното Кичево. Во координација со локалните власти, започна дистрибуцијата на итна помош за семејствата кои претрпеа штети или беа евакуирани од своите домови.

Поделени 110 пакети за најзагрозените

Супер Попуст -25%

Во моментов се дистрибуираат околу 110 пакети кои содржат храна, вода, средства за хигиена, како и ќебиња и облека за населението. Волонтерите обезбедуваат и техничка поддршка за правилна распределба на ресурсите.

КАКО ДА ПОМОГНЕТЕ?

Црвениот крст упати апел за солидарност. Сите граѓани и компании кои сакаат да помогнат, можат да донираат средства на следнава наменска сметка:

Банка: Комерцијална банка
Сметка: 300000001327966
Назнака: Помош за населението погодено од поплавите во Кичево

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефон 02/3114-355 или преку е-маил: [email protected].

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зеленски го заврши делот со Трамп: „Документот е готов, сега Америка ќе ѝ се јави на Русија“

Николоски на терен: Сите магистрали се чисти, браво за екипите на „Македонија пат“