
Потребни состојки (за 4 лица)
Овој рецепт спаѓа во категоријата на лесни јадења кои се подготвуваат брзо, а потребни ви се следниве состојки:
- 6 парчиња тортиљи
- 500 г мелено месо
- 1 главица кромид и 2 чешниња лук
- 400 г домати пелати и 1 лажица доматно пире
- 250 г кашкавал (рендан)
- 200 г кисела павлака
- 2 лажици масло за јадење
- По 1 лажичка оригано и црвен пипер
- Сол, бибер и свеж магдонос по вкус
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Чекор по чекор подготовка
1. Подготовка на филот: На загреано масло пропржете го ситно исечканиот кромид, па додадете го лукот и меленото месо. Пржете со постојано мешање додека месото не ја промени бојата. Потоа додадете ги пелатите и доматното пире, зачинете со оригано, црвен пипер, сол и бибер. Гответе десетина минути на умерен оган додека сосот малку не се згусне.
2. Редење на лазањата: Дното на огноотпорен сад премачкајте го со малку од месниот сос, па ставете една тортиља. Врз неа распоредете дел од филот, малку кисела павлака и рендан кашкавал. Продолжете да ги редите тортиљите и филот додека не ги потрошите сите состојки.
Печење и сервирање: Завршете со тортиља, премачкајте ја со тенок слој павлака и обилно наросете го преостанатиот кашкавал. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 20–25 минути. Оставете десетина минути да се излади пред сечење, наросете свеж магдонос и послужете!


