
Отфрлени владините измени за парламентарни истраги
По обработени 97,93 проценти од гласачките ливчиња, законодавниот референдум покажа дека мнозинството граѓани не се согласуваат со владините политики во правосудството. Против измените на Законот за парламентарни истраги гласале 50,72 проценти од избирачите, собирајќи 446.537 гласа „против“, со што е надминат законскиот праг за отфрлање.
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Предложените измени предвидуваа ограничување на можностите за уставно-судска заштита на лицата опфатени со парламентарни истраги. Владата тврдеше дека тоа ќе донесе поефикасни истраги, но граѓаните ги послушаа предупредувањата на критичарите дека ваквиот потег ќе ја намали заштитата на основните човекови права.
Условена социјална помош и крај за гласањето на граѓаните надвор од ЕУ
На останатите три консултативни референдуми, Словенците изгласаа поддршка за предложените решенија, од кои едното директно ги засега и македонските државјани со постојан престој во земјата:
- Ограничување на правото на глас: 55,85 проценти го поддржаа предлогот правото на глас на локалните избори да биде ограничено само на словенечки државјани и државјани на ЕУ. Со ова, Македонците со постојан престој во Словенија дефинитивно го губат правото на глас на локалните избори.
- Социјална помош: Најголема поддршка (61,12%) доби предлогот паричната социјална помош да биде директно условена со извршување на општествено корисна работа.
- Укинување на радиодифузна такса: Резултатот останува тесен и неизвесен, но 50,57 проценти од граѓаните се изјасниле за укинување на задолжителниот придонес за Радиотелевизија Словенија.
Бидејќи последните три референдуми се со консултативен карактер, евентуалните измени ќе бараат дополнителна законска процедура во парламентот. Официјалните резултати ќе бидат познати по обработката на гласовите пристигнати по пошта и од дијаспората.


