
Според британскиот медиум, Вучиќ се однесува како „средновековен крал“ кој прима петиции од граѓаните на локалните плоштади, додека истовремено губи реална поддршка. Весникот истакнува дека незадоволството од корупцијата и високите трошоци за живот раѓа силно студентско протестно движење, кое според анкетите веќе има поголема поддршка од самиот претседател. Најавите на Вучиќ за можни оставки и повторни кандидатури, „Тајмс“ ги споредува со политичките маневри на Владимир Путин.
Милијарди за „Експо“ и тајни договори
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Новинарот Џек Адамовиќ Дејвис посебно се осврнува на изградбата за Специјализираното „Експо“, опишувајќи го како „возвишен проект на Вучиќ“ вреден 1,1 милијарда фунти. Она што најмногу загрижува е што новиот закон го ослободува проектот од прописите за јавни набавки, а идентитетот на подизведувачите е државна тајна. Ова отвора простор за огромни профити за компаниите блиски до владејачката елита.
„Природата на оваа диктатура е директно поврзана со она што ЕУ го очекува од Србија. Тоа е автократија која е целосно прилагодена да продолжи да биде на добрата страна на ЕУ.“
Стравот на Европа од руската прегратка
И покрај растечкиот скептицизам кон политиките на Белград, Европската Унија и понатаму калкулира. Западниот дипломатски кор во Србија намерно избегнува заострување на реториката кон Вучиќ, стравувајќи дека тоа дефинитивно би го турнало уште подлабоко во прегратките на Русија. Политиколозите заклучуваат дека системот во Србија е внимателно дизајниран да ги задоволи минималните барања на Брисел, додека внатрешно се зацврстува автократијата.


