
Најдрагоцените рецепти за зимница се токму ваквите – едноставни состојки, без комплицирана подготовка, а резултатот е прилог кој можете да го послужите со речиси секој ручек, од месо до грав и други варива.
Потребни состојки
- Зрели домати: 1 кг
- Кромид: 300 г
- Пиперки (бабури): 3 парчиња
- Масло за јадење: 30 мл
- Сол: 1 лажичка
- Шеќер: 50 г
- Алкохолен оцет (9%): 1 супена лажица
- Опционално: лута пиперка по вкус
Начин на подготовка
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Кромидот исчистете го и ситно исечкајте го. Во поголемо тенџере загрејте го маслото, додајте го кромидот и кратко пропржете го. Не е потребно да порумени – доволно е само да омекне и да стане стаклест.
Доматите добро измијте ги и исечете ги на кришки. Пиперките исчистете ги од семките и исечете ги на тенки ленти.
Додајте ги доматите и пиперките во тенџерето со кромидот, ставете ги солта и шеќерот и сè добро измешајте. Загревајте додека зеленчукот не почне да врие.
Откако ќе зоврие, намалете ја температурата и гответе приближно 30 минути, со повремено мешање за салатата да не се фати на дното од тенџерето. Пред самиот крај, додајте го алкохолниот оцет, промешајте и тргнете го тенџерето од шпоретот.
Складирање и корисни совети
Додека салатата е уште врела, сипете ја во претходно измиени и стерилизирани тегли. Добро затворете ги со неоштетени капаци, свртете ги наопаку и завиткајте ги во ќебе или подебела крпа. Оставате ги така додека целосно не се изладат, а потоа складирајте ги на темно, суво и ладно место.
- Избор на домати: Бирајте зрели и месести домати со помалку вода. Тие за време на готвењето даваат полн вкус и подобра текстура, додека водестите сорти ќе ја направат салатата премногу ретка.
- Шаренило во тегла: Комбинирајте црвени, жолти и зелени пиперки. Вкусот ќе биде побогат, а салатата визуелно ќе изгледа прекрасно на зимската трпеза.
- Употреба: Освен како ладен прилог, оваа зимница е одлична основа која можете да ја додадете во разни сосови и готвени јадења.


