во ,

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски ‘замижал’ пред криминалот во Сарај, а автобусот на ‘Беса Транс’ поминал технички

ВМРО-ДПМНЕ со тешки обвинувања: Спасовски знаел за пропустите во техничкиот центар во Сарај, но ја одзел лиценцата дури по трагедијата на „Беса Транс“

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ упати сериозни обвинувања кон поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, тврдејќи дека неговата негрижа и непостапување придонеле за условите што доведоа до трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ во која загинаа 45 лица. Според партијата, за станицата за технички преглед во Сарај, каде што поминал кобниот автобус, постоел официјален извештај за нерегуларности, но Спасовски не реагирал навремено.

Лиценцата одземена 3 дена по несреќата

Супер Попуст -25%

Од партијата посочуваат дека Спасовски, наместо во законскиот рок, чекал цели три месеци за да ја одземе лиценцата, со што ѝ овозможил на фирмата да оствари незаконски профит од 5,5 милиони денари. Уште поскандалозно, според ВМРО-ДПМНЕ, е тоа што екс-министерот го потпишал решението за затворање на станицата само три дена откако се случи страшната несреќа во Бугарија. „Дали трагедијата ќе можела да се спречи доколку Спасовски реагирал на време и дали имал некаков договор со фирмата?“, прашуваат од партијата, барајќи одговорност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Историски избор во Венеција: Рената Дескоска стана потпретседателка на Венецијанската комисија

Народот им кажа „НЕ“: 73% од граѓаните против повисоки плати за судиите и обвинителите